Голем кикс за Баер Леверкузен, пораз за Борусија Дортмунд

Баер Леверкузен важеше за огромен фаворит против Холштајн Кил на домашен терен, имаше и водство од 2-0 по само осум минути игра, но на крајот дозволи гостите да извлечат бод играјќи 2-2.

Бонифејс во четвртата минута донесе водство, а Хофман го удвои во осмата минута. Сите мислеа дека Холштајн Кил ќе доживее карастрофа. Но, Гешвил намали во последните мигови од првиот дел, а Јан-Фите Арп од пенал израмни на 2-2 во 69-та минута. Баер Леверкузен не успеа да постигне победнички гол.

Борусија Дортмунд загуби на гости кај Унион Берлин со 2-1. Вогт и Вертесен беа стрелци за Унион Берлин, а Риерсон стрелаше за гостите.

Волфсбург го победи Бохум на гости со 1-3, а Фрајбург исто така оствари гостинска победа (0-1) против Вердер.

- Оглас -

Најнови вести