Пред само неколку дена Пеп Гвардиола го фалеше својот дефанзивец Емерик Лапорт, за заслужениот повик во француската репрезентација по пауза од повеќе од две години. Лапорт иако е меѓу најдобрите одбранбени играчи во Премиер лигата, лани на Мундијалот не се појави во составот на Триколорите поради повреда, а сега кога Дешамп одлучи да го вметне во селекцијата, тој пак се повреди.
Играчот на англискиот првак се здоби со болки во десното колено во мечот против Брајтон. Лапорт мораше да го напушти теренот на носилка, а тоа не се добри вести ниту за Сити, ниту за Франција.
Иако допрва ќе се прават прегледи по кои ќе се утврди сериозноста на повредата, според реакцијата на Лапорт не станува збор за ситен проблем. Многу веројатно е дека нема да запише настап за светските шампиони Франција во квалификацискиот циклус во септември против Албанија и Андора.
За предвидените натпревари на светскиот првак, Самуел Умтити од Барселона ќе го пополни местото на Лапорт.