Голем малер за Реал Сосиедад: играчот кој го донесоа на местото на Исак, ги скина лигаментите на коленото!

Реал Сосиедад во финишот на преодниот рок остана без Александер Исак кој беше продаден во Њукасл, па клубот од Сан Себастијан одлучи да купи друг напаѓач за да ја пополни празнината по заминувањето на Швеѓанецот Исак, и изборот падна на Умар Садик од Алмерија.

Но, екс голгетерот на белградски Партизан, на дуелот со Хетафе ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото, и за Нигериецот оваа сезона е завршена. Тој во дресот на Реал Сосиедад одигра само три меча.

Сега во тимот кој игра на три фронта, има само еден класичен напаѓач, Норвежанецот Сорлот.

- Оглас -

Најнови вести