Голем малер за Шпанките, девојката со Златната топка тешко се повреди и не игра на ЕП

Алесија Путелјас немаше ниту грам среќа и се повреди на еден ден пред почетокот на Европското првенство, на кое, за жал, нема да настапи.

Девојката што ја доби Златната топка како најдобра фудбалерка на светот има тешка повреда на круцијалниот лигамент на левото колено.

Утре со мечот меѓу Англија и Австрија на „Олд Трафорд“ почнува Европското првенство, кое ќе мине без најдобрата фудбалерка во моментов.

Путелјас е веднаш однесена во болницата „Кинг Едвардс“ во Лондон на дополнителни прегледи, но сигурно е дека Шпанија ќе остане без капитенката на ЕП.

Црвената фурија е еден од фаворитите на шампионатот, ќе игра во групата Б со Германија, Данска и Финска, а првиот меч ќе го играат задутре, против репрезентацијата на Финска.

 

- Оглас -

Најнови вести