Голем малер за Швеѓаните, Готфридсон ја скрши раката и нема да игра во битка за медали и титулата

Голем проблем имаат Швеѓаните пред стартот на самата завршница на ракометниот Мундијал и останаа без еден од главните адути во битката за титулата и медали.

Џим Готфридсон ја скрши раката на четвртфиналниот дуел со Египет, што домаќините го добија со 26:22.

Средниот бек на Швеѓаните се надеваше дека нема скршеница, но снимките покажаа дека повредата е потешка од што очекуваше и ќе паузира околу два месеца.

Тоа автоматски значи дека нема да игра во полуфиналето против Франција утре од 21 часот.

Французите се апсолутни рекордери со шест светски шампионски круни, a Шведска со Романија е на второто место на вечната листа со 4 титули.

Во првото полуфинале утре од 18 часот ќе играат Шпанија и Данска.

 

- Оглас -

Најнови вести