Добитникот на Златната топка за 2025 година ќе биде објавен вечерва пред 23 часот, а „Франс фудбал“ веќе почна да ги објавува имињата на фудбалерите кои нема да ја добијат главната награда.
Винисиус, кој лани беше втор, а според многумина требаше да победи, годинава е дури 16-ти според бројот на гласови од новинарите, бележи пад за 14 места.
Бразилецот беше недопирлив во Реал Мадрид под водство на Карло Анчелоти, но веќе не е така откако дојде Чаби Алонсо. Новиот тренер му стави до знаење дека нема проблем да го седнува на клупата и да му каже дека тимот повеќе не се врти околу него. Бразилецот е во сенка на Килијан Мбапе и се чини дека лани му беше шансата да биде играч на годината.
Инаку 12-ти е Хвича Кварацхелија, потоа се Хари Кејн, Дезире Дуе, Виктор Ѓокереш е 15-ти, Винисиус 16-ти, Роберт Левандовски е на 17-тото место, Скот Мектоминеј 18-ти, Жоао Невеш 19-ти, а од 20-тото до 30-тото место се најдоа Лаутаро Мартинес, Серу Гираси, Алексис Мекалистер, Џуд Белингам, Фабијан Руиз, Дензел Думфрис, Ерлинг Халанд, Деклан Рајс, Вирџил Ван Дајк, Флоријан Вирц и Мајкл Олисе.