Еден од најдобрите пливачи во македонската историја, Евгениј Поп Ацев стигна до уште едно фантастично постигнување. Успеа да го преплива каналот Ла Манш, што е предизвик и тешко достижна цел за многу пливачи.
Поп Ацев успеа да исплива со време од 9 часа и 43 минути и така стана петиот Македонец кој успеал да ја преплива оваа делница. Пред него, тоа им успеало само уште на Нико Нестор, Атина Бојаџи, Томи Стефановски и Игор Димовски.
Инаку, Поп Ацев е трикратен светски првак во маратонско пливање успеа да се впише во историјата на пливањето. По препливањето на Ла Манш, Поп Ацев гордо го развиори и македонското знаме.