Барселона со 7-1 ја декласира Валенсија во меч од Ла Лига, а тренерот на Каталонците, Ханси Флик, на 15-тина минути пред крајот на мечот, кога веќе имаа убедливо водство, побарал од Гави да влезе во игра, но овој одбил и сугерирал наместо него, во игра да го стави Пабло Торе.
„Разговарав со Гави да влезе во игра во последните 15-тина минути од натпреварот. Тој рече ‘не’, стави го Пабло Торе. Тоа беше одлично од негова страна, го сакам Гави“, им раскажа Флик на новинарите по мечот.
Пабло Торе има помала минутажа, па токму тоа е и причината за реакцијата на Гави да му даде повеќе простор за игра.