Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи реши дека сите 600 вработени луѓе во клубот треба да бидат на „Алијанц арена“ во Минхен и во живо да го гледаат финалето од Лига на шампиони. Во мечот за највредниот европски клупски трофеј, ПСЖ ќе игра против италијанскиот шампион Интер.
„Горди сме што сме едно семејство, семејството на ПСЖ кое гордо ги преставува Париз и Франција на големата сцена“, напишал Ал-Келаифи во писмото кое го проследил кај сите вработени. „Затоа, сите наши вработени ќе имаат шанса да го бодрат тимот во живо на стадионот во Минхен, во финалето од Лига на шампиони. Ви благодарам на целиот ваш труд, посветеноста и страста кон клубот“, стои во писмото напишано од првиот човек на ПСЖ.
PSG president Nasser Al-Khelaifi has written to all 600 club staff to say they will receive free tickets and travel to the Champions League final 📝 pic.twitter.com/0RGC5fkwTI
— Sky Sports (@SkySports) May 9, 2025
ПСЖ по втор пат во клупската историја ќе игра во финале на ЛШ и ќе се бори за својот прв трофеј. Пред пет години кога прв пат играа во финале на ЛШ, загубија со 1:0 од Баерн МИнхен на мечот кој се играше во Лисабон.