Северноафриканската држава Мароко минатата недела се соочи со силен земјотрес кој однесе илјадници животи, но една репортажа на телевизијата Ал-Араби од Саудиска Арабија го привлече вниманието на Реал Мадрид.
На едно видео се појави момче со име Абдул Рахим Авида кој има само 14 години и на телевизија се појави во дрес од Реал Мадрид, бидејќи е сѐ што му останало после разорниот земјотрес, во кој ги загубил родителите, двајцата браќа и неговиот дедо кој живеел со нив. Во моментов е сместен кај роднини, а најголема желба на неговиот татко била тој да се школува во Шпанија и да игра за Реал Мадрид.
BEST STORY ON THE INTERNET!!!
(Humanity Wins Again)Abdul Rahim Awhida lost his entire family to the earthquake that happened in Morocco.
He lost his father, mother, 2 brothers and his grandfather.
He was recently interviewed wearing a Real Madrid shirt crying after he said… pic.twitter.com/c52CkckNnk
— SportsDokita (Odogwu ☝️) (@Sports_Doctor2) September 15, 2023
Од “кралскиот“ клуб веднаш реагирале и побараше помош од телевизијата Ал-Араби за да го лоцираат момчето. Во таа намера и успеале, па сега момчето ќе биде дел од академијата на Реал Мадрид, ќе има обезбедено сместување и школување, а ќе продолжи со тренинзи во познатата фудбалска школа на “кралскиот“ клуб.