Инцидентите кои се случија на натпреварот во Мадрид, но и големото непријателство помеѓу Партизан и Реал Мадрид од вчера се во втор план. Србија е во тага за згаснатите животи во масакрот кој се случи во училиште во Белград, а кошаркарите на Реал Мадрид покажаа големина и им оддадоа почит на жртвите.
Тие го започнаа последниот тренинг пред вечерашниот дуел со минута молчење, а така ќе започне и натпреварот во 20:30 часот. Во белградската Арена нема да биде пуштана музика пред, за време и по натпреварот, а нема да има ниту шоу-програма помеѓу четвртините.