Голем пожар пред „Етихад“, натпреварот Манчестер сити – Бриж ќе се игра според планираното (Видео)

Вистински хаос се случува во Манчестер, во пресрет на натпреварот помеѓу Сити и Бриж во Лигата на шампионите. Пред стадионот на кој треба да се игра натпреварот, „Етихад“, се случи голем пожар кој започна од една од продавниците за сувенири на Граѓаните, па навивачите во паника започнаа да бегаат. Според првичните информации, нема повредени, пред сè поради брзата интервенција на редарите, а мечот ќе се игра според планираното.

- Оглас -

Најнови вести