15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Голем предизвик за прогнозерите: Ќе успее ли некој да ги погоди неколкуте дерби-дуели?

Новото 25-то коло на Спортска прогноза нуди интересни 13 натпревари од најатрактивните лиги во Европа. Предизвик за секој од играчите е да се обиде да ги погоди сите 13 фикса затоа што на тој начин може да се стигне до главната премија за секое коло.

За погодена Среќна 13-ка, односно перфектно прогнозирање на сите 13 пара, прогнозерот ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X). За 12 погодени се добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за 11 погодени ваучерот изнесува 500 денари.

Арсенал, кој речиси 20 години чека да се израдува на титула во Премиер лигата, се наоѓа пред голем предизвик затоа што гостува на „Енфилд роуд“ против Ливерпул. Засега, според прогнозерите, Ливерпул има поголема шанса за победа, но и Арсенал има свои калкулации и шанси за освојување на трите бода.

Освен ова дерби во Премиер лигата, во ова коло ќе има уште неколку големи дерби-дуели. Во Шкотска играат вечните ривали Селтик и Глазгов ренџерс, додека во италијанската Серија А на мегдан ќе бидат Лацио и Јувентус.

Тука се и останатите 10 меча од понудата, која може да ја видите и веднаш да прогнозирате со притискање на „копчето“, ПРОГНОЗИРАЈ.

- Оглас -

Најнови вести