ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ: Играчите на Барселона не го разбираат новиот тренер

Во Барселона работите не функционираат како што посакуваат. Каталонскиот гигант го смени Ернесто Валверде, но одлуката да биде доведен Кике Сетјен најверојатно ќе се покаже како погрешна. По поразот од Валенсија (0:2), Сетјен призна дека има некои работи кои играчите или не ги сфатиле добро или стручниот штаб не ги објаснил како што треба.

Сетјен седна на клупата на Барселона на 13 јануари и има биланс од две победи и еден пораз, меѓутоа тоа што ги плаши челниците на клубот е дека ситуацијата во соблекувалната не е како што треба. Дел од играчите биле незадоволни од позициите на кои им било наложено да играат бидејќи не ги сметаат за свои природни позиции на теренот.

Сетјен има 61 година и во кариерата нема освоено ниту еден трофеј, ниту пак имал искуство со водење на некој голем клуб, како што е Барселона. Следниот предизвик на Барселона ќе биде дуелот против Леванте на 1 февруари на „Камп ноу“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести