Реал Мадрид во моментов игра на гостински терен против Еспањол, а во 15-та минута од натпреварот, тренерот Карло Анчелоти се соочи со сериозен проблем кој би можел значително да влијае на продолжението на сезоната.
Дефанзивецот Антонио Рудигер се повреди и мораше да го напушти теренот. Според првичните информации, ситуацијата не е нималку наивна. Анчелоти наместо него во игра го внесе младиот Раул Асенсио.
Оваа повреда доаѓа во многу незгоден момент за Реал Мадрид, кој веќе се соочува со бројни проблеми во одбраната. Едер Милитао и Дани Карвахал се надвор од теренот поради повреди, додека Давид Алаба неодамна се врати по повеќе од една година пауза, но сè уште не е целосно подготвен за игра во полн капацитет.
Распоредот на Кралевите е исклучително тежок. Веќе следниот викенд ги очекува градското дерби против Атлетико Мадрид, а на 11 февруари ги очекува првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер сити. Голема е веројатноста дека Рудигер ќе ги пропушти овие клучни натпревари.
Реал Мадрид ќе мора да најде решение во одбраната за да го надомести отсуството на клучните играчи во пресрет на овие важни дуели.