Шпанскиот првак Барселона се соочи со голем проблем пред денешното дерби против Атлетико Мадрид. На гостувањето во Мадрид, каталонците сигурно ќе бидат без Филипе Кутињо. Најскапиот играч во историјата на гигантот од „Камп Ноу“ има повреда на бутниот мускул на десната нога и нема да се најде на теренот во Мадрид.
Кутињо сезонава одигра 16 меча во сите натпреварувања и даде пет гола, а имаше и четири асистенции. Покрај Кутињо, Барселона ќе биде и без Иван Ракитиќ кој мора да одлежи еден меч суспензија поради натрупани жолти катрони. Добра вест е тоа што во тимот се враќа Осман Дембеле.
Барселона нема пораз во првенството од Атлетико повеќе од осум години. Последен пат „јорганџиите“ се радувале на триумф во февруари 2010 година, кога победија со 2:1.