Голем проблем за Манчестер јунајтед

Напаѓачот на Манчестер јунајтед Единсон Кавани е суспендиран на три меча поради еден коментар даден на Инстаграм. Уругвајскиот голгетер го употребива зборот „Негрито“ кој беше оценет како искажување на расистичка порака.

„Коментарот на Инстаграм профилот на фудбалерот на Манчестер јунајтед е оценет како несоодветен и забранет со законите на ФА. Објава содржи навредливост кон етничка пропадност“, објаснуваат од ФА, неприфаќајќи го објаснувањето дека зборот „Негрито“ во шпанскиот јазик често се користи како збор за „пријател“.

Од Манчестер јунајтед најавија дека сепак нема да се жалат на оваа суспензија за Кавани кој веднаш се извини, но напаѓачот вечерва нема да биде во составот за дуелот против Астон вила на „Олд трафорд“, а ќе ги пропушти и следните два.

„Не сакам премногу да зборувам за оваа непријатна ситуација. Сакам да ви кажам дека ја прифаќам одлуката на Дисциплинската комисија. Се извинувам ако некој се почувствува навреден во нешто што сум го рекол во афект за еден мој пријател. Во мојата намера немаше ништо лошо. Тие кои ме познаваат, знаат дека секогаш сум пријателски настроен“, објасни Кавани кој ќе мора да плати и парична казна од 100.000 фунти.

 

- Оглас -

Најнови вести