14.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Голем проблем за Милан пред гостувањето кај Удинезе

Милан има три победи во последните три меча против Удинезе, па затоа Росонерите со многу оптимизам го очекуваат нивниот денешен меч на „Фриули“ во Удине. Сепак, Удинезе е тимот од кој одлично ја почна сезоната и има седум од можните девет бодови досега, што значи дека треба да биде интересен и неизвесен меч.

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри откри дека за денешниот дуел нема да може да смета на голманот Мајк Мењан.

„Мајк е добро. Мирен е и очекуваме да се врати на теренот да дуелот против Лече кој се игра во вторник“, рече Алегри.

Мењон се повреди на дуелот против Болоња, која принудно беше заменет во 52 минута, поради повреда на десната потколеница. Искусниот 30-годишен голман имаше неколку повреди откако во 2021 година дојде во Милан, а поради повреда не можеше да настапи ниту на Светското првенство во 2022 година.

Освен Мењан, Алегри за овој меч нема да го има на располагање ниту напаѓачот Рафаел Леао, кој заработи повреда на листот на ногата во првото коло од Купот на Италија и потоа ги пропушти сите три кола во првенството, а нема да игра ни вечерва.

- Оглас -

Најнови вести