Македонскиот прволигаш Пелистер ќе мора да се снаоѓа без својот најдобар фудбалер. Напаѓачот Мирко Ивановски заработи микроруптура на листот на левата нога и извесен период ќе биде надвор од терените, информираше клубот.
„Нашиот капитен Мирко Ивановски заработи микроруптура на левиот лист и извесен период ќе биде надвор од терените“, соопшти ФК Пелистер.
Овој удар за Зелените од Битола доаѓа во пресрет на натпреварот од петтото коло во Првата лига, каде што во недела од 19 часот на стадионот „Петар Милошевски“ ќе го пречекаат составот на Арсими.