Типувањето на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе е во тек, а играчите очекуваат нерешен исход на два меча од шпанската Ла Лига.
Дури 52% од играчите очекуваат реми на мечот помеѓу Хетафе и Еспањол, а малку помал е процентот (49) за нерешено на дуелот помеѓу Селта Виго и Атлетик Билбао.
Најголеми фаворити за победа претстојниов викенд се Рен и Марсеј, а во нивен триумф веруваат по 81% од типувачите на Спортската прогноза.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.


