Лигата на шампионите во ракометната Европа ја тресе голем скандал. Според шведскиот медиум Handbollskanalen, има наместени мечеви во ЛШ. Триумфот за домаќините паднал на коефициент 1.05, а хендикепот скокнал од 2,5 голови на 5,5 голови, и тоа на полувремето кое завршило со минимална разлика.
Стручните лица за обложување навеле дури 19 целосно нелогични ситуации, а се однесува и на однесувањето на ракометарите на теренот. Двата меча кои се сомничат дека се наместени во текот само на второто полувреме имале по 20 промени на квотите за играње во живо. Некои од квотите биле многу примамливи, а на крајот испаднале според посакуваното.
На радар прв е дуелот меѓу Монпелје и Мешков Брест, на кој домаќините победиле со посакуваните шест гола разлика. Резултатот беше 32:26, а на полувреме домаќините водеа со 14:12. Втор сомнителен дуел е Вива Кјелце – Порто 39:33 (21:17).
Доколку се докаже дека овие мечеви се наместени, клубовите сигурно ќе добијат драстични санкции. Монпелје и Мешков се клубови кои се во иста група со македонскиот првак Вардар.