Голем срам на УЕФА: Најдобрите играчи на Тотенхем останаа без медали од финалето (Видео)

Тотенхем ја освои својата прва титула по 17 години со победа од 1-0 над Манчестер јунајтед во Билбао, но историскиот триумф беше засенет од сериозен пропуст на организаторот, УЕФА.

Играчите и стручниот штаб на Тотенхем застанаа во ред за да ги примат медалите од претседателот на УЕФА, Александер Чеферин. Сепак, кога на ред дојдоа три клучни фудбалери, Хеунг-мин Сон, Кристијан Ромеро и Родриго Бентанкур – Чеферин остана без медали.

UEFA ran out of medals for Son, Romero and Bentacur
byu/justwannabeehappy insoccer

Така, овие тројца не добија признание за својата тешко изборена победа. Чеферин се обиде да се координира со луѓето од протоколот, но очигледно УЕФА немала доволно медали за победничкиот тим. Наместо тоа, капитенот Сон, најдобриот играч на финалето Ромеро и одличниот Бентанкур мораа да се задоволат само со ракување со Чеферин.

Англиските медиуми го нарекоа ова „голем срам“ за УЕФА. Особено нагласуваат дека дури осум судии и Џејмс Медисон – кој не одигра ни една минута – добиле медали, додека капитенот Сон, Ромеро и Бентанкур останале без нив.

Иако Сон подоцна весело го бакнуваше пехарот, медал немаше околу неговиот врат. Се очекува УЕФА да се извини и дополнително да испрати медали до фудбалерите кои беа неправедно изоставени.

- Оглас -

Најнови вести