Голем срам за бразилскиот фудбал, играч намерно си даде автогол (Видео)

Бразилскиот фудбалер Жулио Кампос, кој игра за нисколигашот Атлетико Амазоненсе, направи неверојатен неспортски потег, поради кој се прослави во светот и медиумите пишуваат за него, а Бразилската фудбалска федерација покрена истрага за случајот.

Атлетико губеше 1-3 и кога топката дојде до Кампос, тој без размислување одлучи да постигне автогол, шокирајќи ги сите присутни.

Или му е смачено од порази, па ментално „пукна“ и направи ваков потег или можеби во обложувалница одиграл дека на средбата ќе има пет гола.

- Оглас -

Најнови вести