Емилијано Скамака, таткото на играчот на Џенова, Џанлука Скамака, направил голем инцидент во тренинг-центарот на Рома, а, за среќа, не го нашол човекот што го барал, легендарбиот Бруно Конти, кој наводно му должел пари.
Нејасно е дали станува збор за некаква позајмица или за долг од трансфер на Џанлука Скамака, но инцидентот е голем, па Емилијано бил уапсен и завршил во болница на псијијатриски преглед.
Тој влетал со колата во тренинг-центарот во Тригорија во Рим и со метална шипка оштетил неколку автомобили и ја урнал и стауата на Волчицата, што е симбол на Рома.
Меѓу оштетените автомобили се и на двајцата директори во Академијата на Рома, на Морган де Санктис и на Тијаго Пинто.
Скамака јуниор е соиграч на Горан Пандев и член на младинската репрезентација на Италија за играчи до 21 година. Џанлука три сезони од 2012 до 2015 година беше член на младинската Академија на Рома, од каде што замина во ПСВ Ајднховен, а моментно е играч на Сасуоло, а игра како позајмен за Џенова.