Голем срам во земјата што е поим за фудбал – Бразилец нападна судијка бесен што го исклучи (Видео)

Фудбалерот на Наутико, Жеан Карлос направи голема глупост и откако доби црвен картон во финалето на Пернамбукано шампионатот ја нападна главната судијка на мечот.

Дебора Сесилија, која го судеше реванш мечот меѓу Ретро и Наутико, одлучи да го провери спорниот момент од 21. минута со помош на ВАР системот и потоа му покажа црвен картон на искусниот 30-годишен играч за врска на Наутико, а следеа немили сцени.

Карлос ја нападна судијката, која бегаше од него по терен и за среќа не ја удри. Во обидот го спречија играчите на двете екипи на теренот.

Карлос апсолутно заслужено доби црвен картон за удар со рака в лице на противнички играч, а долго го смируваа да не направи уште поголема глупост во атакот кон судијката.

Наутико и со играч помалку го доби реваншот на гости со 1:0, со ист резултат Ретро победи на првиот меч, па се шутираа пенали.

Попрецизни од белата точка беа играчите на Наутико и славеа со 4:2, но финалето го расипа инцидентот што го предизвика Карлос во првото полувреме.

 

 

- Оглас -

Најнови вести