Утринава се шпекулираше а сега е дефинитивно, Кристијано Роналдо нема да настапи за Манчестер јунајтед во големото градско дерби против Манчестер сити.
Средбата која се игра на „Етихад“ ќе биде без Португалецот кој ќе паузира поради поврееда на мускул на десната нога. Воедно, на оваа средба Манчестер јунајтед ќе биде и без Единсон Кавани кој исто така одмора поради повреда.
Така, Ралф Рангник во нападот ќе го има Маркус Рашфорд кој во оваа сезона има само четири гола постигнато. Ова е голем удар за „црвените ѓаволи“ кои што бараат победа на градскиот ривал со цел да останат во добра позиција во борбата за четврттото место кое што обезбедува пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.