Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо и официјално не успеа да биде регистриран како играч на Барселона од 1 јануари 2025 година. Од шпанската Примера дивисион го одбија барањето за регистрација на Олмо, па тој од денеска и официјално е слободен играч.
Поради лошата финансиска политика за време на пандемијата, Барселона се најде во незавидна ситуација. Каталонскиот гигант едноставно треба да ги усогласи приходите и расходите. Пред почетокот на оваа сезона, Олмо дојде во Барселона и потпиша договор до 2030 година. Сепак, Барселона не успеа навреме да ги подмири сите трошоци во неговиот трансфер.
Челниците на Примера дивисион побара од Барселона да достави копии од договорот и потврда дека клубот веќе добил аванс за споменатата операција за да има гаранција дека продажбата на ВИП билети за следните 20 години ќе го обезбеди потребниот приход, но по анализирајќи дополнителна документација за уплатниците за продажба на седиштето на ВИП, се вели во официјалното соопштение.
| : “La Liga announces that as of today, December 31st, Barcelona has not presented any alternative that would allow them, in accordance with La Liga’s economic control regulations, to register any player starting from January 2nd.” #fcblive pic.twitter.com/a1HKAZofdE
— BarçaTimes (@BarcaTimes) December 31, 2024
„Барселона досега не понуди ниту една алтернатива во пропис со правилата на Примера дивисион. Тоа значи дека според моменталната ситуација, не се во можност да регистрираат играчи по 2 јануари“, стои во соопштението од шпанското првенство.
По ова, на Барселона ѝ останува да се обрати до Фудбалската федерација на Шпанија со барање за пререгистрација на Олмо, кој од денеска веќе е слободен играч. Сепак, според правилата на Федерацијата, регистрацијата на Олмо ќе биде одјавена и тој нема да има право да биде регистриран како играч на Барселона до крајот на оваа сезона.
Тоа што се случува со Олмо, истото важи и за Пау Виктор.
El Barça solicita a la RFEF nueva licencia para Olmo y Pau Víctor pero LaLiga da el tema por cerrado
❌ La patronal de clubs es tajante y asegura que “el FC Barcelona no ha presentado ninguna alternativa que, atendiendo el cumplimiento de la normativa de control económico de…
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) December 31, 2024
Последната надеж на Барселона е Федерацијата да направи преседан, иако тоа не го направија минатата година во случајот на Габриел Веига кој размислуваше за враќање во Селта Виго во јануарскиот преоден рок, откако на почетокот од сезоната замина во Саудиска Арабија. И претходно имало вакви ситуации во Шпанија, но остапка досега немало за ниту еден фудбалер.
Олмо сезонава одигра 15 меча за Барселона и постигна шест голови.