Голем удар за Челзи: Вториот најдобар стрелец ќе паузира до април

Англискиот премиерлигаш Челзи откри дека во следниот период ќе биде без еден од своите најдобри фудбалери, Николас Џексон. Младиот 23-годишен сенегалски интернационалец има повреда на тетивата на ногата и според лекарските проценки, ќе мора да паузира до почетокот на април.

Џексон се повреди на дуелот против Вест хем, а тренерот на Челзи, Енцо Мареска, веќе е помирен со фактот дека овој офанзивен играч ќе го нема на располагање речиси два месеца.

Офанзивниот играч во Челзи дојде во јуни 2023 година од Вилјареал. Сезонава Џексон игра одлично и има девет гола во Премиер лигата, што го прави втор најдобар стрелец во Челзи. Прв стрелец во Челзи без двоумење е Кол Палмер со 14 гола.

Челзи сезонава игра солидно, моментално е на четвртото место на табелата во Премиер лигата со 43 бода.

- Оглас -

Најнови вести