Судот во Каталонија пред четири дена го осуди поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвес на 4,5 години затвор поради сексуален напад во ноќен клуб во Барселона. Бразилецот токму во Барселона го мина најдобриот период од својата кариера, а сега Каталонците повлекоа неочекуван потег.
Барселона постојано се обидуваше да ја почитува презумцијата на невиност, но откако судот пресуди против Дани Алвес, Каталонците одлучија да го повлечат неговото име од списокот на клупски легенди. На официјалната веб-страница на клубот постои список дури од 102-ца фудбалери коишто го имаат епитетот „легенди“, но сега веќе го нема името на фудбалерот кој со Барселона освои 23 трофеи.
Дани Алвес за Барселона одигра вкупно 408 натпревари, на кои постигна 22 гола, но имаше и 105 асистенции. Освои по три трофеи од Лигата на шампионите, шпанскиот Суперкуп и Светското клупско првенство, по четирипати се радуваше на Купот на кралот и шпанскиот Суперкуп, додека трофејот од Ла Лига го крена дури шестпати.