14.8 C
Skopje
понеделник, 27 октомври 2025

Голем удар за Наполи: Кевин де Бројне ќе паузира неколку месеци

Наполи изминатиов викенд го совлада Интер со убедливи 3–1 во дербито на колото, но радоста брзо се претвори во загриженост. Главниот диригент на играта, Кевин Де Бројне, го напушти теренот во солзи поради нова повреда.

Белгискиот ас почувствува силна болка во бутниот мускул веднаш по реализираниот пенал и беше заменет во средината на второто полувреме. Од клубот подоцна потврдија дека станува збор за кинење на мускулот, повреда што ќе го оддалечи од терените во следните неколку месеци.

Иако конечната дијагноза ќе биде позната по дополнителните прегледи, првичните прогнози не се охрабрувачки. Италијанските медиуми пишуваат дека Де Бројне најверојатно нема да се врати во игра пред крајот на годината, а паузата може да трае дури и до четири месеци.

Ова е голем удар за тимот на Антонио Конте, кој токму со доаѓањето на Белгиецот ја доби потребната креативност во средниот ред. Неговото отсуство ќе биде тешко да се надомести, но може да отвори врата за поголема минутажа и поважна улога за Елиф Елмас во наредните месеци.

- Оглас -

Најнови вести