Голем удар за олимпизмот, НБА ѕвездите нема да играат во Токио

Летните олимписки игри во Токио ќе претрпат голем удар, втор по пролонгирањето за една година, а речиси сигурно во Јапонија нема да играат НБА ѕвездите.

Пандемијата со корона-вирус го поремети нормалниот колосек во најсилната професионална кошаркарска лига на светот, па почетокот на идната сезона ќе доцни и веројатно ќе почне во јануари следната година.

Олимписките игри во Токио би требало да се одржат од 23. јули до 8 .август во 2021 година, што значи дека во НБА во тој период се уште не би бил завршен регуларниот дел од сезоната.

Во завршницата на НБА лигата и пред почеток на плејоф натпреварите е невозможно да се искомбинира и пат до Токио и настап на големите НБА ѕвезди, па засега најавите се дека по 30 години пауза тие нема да играат на ЛОИ во Јапонија.

„Засега тешко, да не кажам и невозможно ќе биде во ек на сезона во НБА играчите да патуваат и да настапат во Токио. Тоа не е само кус прекин на шампионатот, туку ќе бидат потребни и подготовки за настап на Летните олимписки игри, а потоа и одредено време за одмор на кошаркарите што комплетно би го пореметил и ритамот и распоредот на мечево во НБА лигата“, изјави Адам Силвер, комесарот на НБА лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести