Голем удар за Реал: Белингам мора да оди на операција, ќе го пропушти стартот на следната сезона?!

Англискиот интернационалец Џуд Белингам во својата прва сезона во Реал Мадрид блесна со 23 гола на 42 натпревари, на кои додаде и 13 асистенции, со што беше еден од најдобрите, ако не и најдобар, во освојувањето на Ла Лига и Лигата на шампионите.

Сепак, Белингам веќе подолго време има болки во рамото, а прегледите велат дека иако не е итно, ќе мора да биде подложен на оперативен зафат. Во други околности, операцијата досега ќе беше направена, но Белингам не сакал ниту да слушне за такво нешто пред Европското првенство.

Доколку се одлучи по континенталниот собир да биде опериран, тоа би значело дека ќе ги пропушти комплетните подготовки со Кралскиот клуб, но и почетокот на следната сезона, што би било голем удар за Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести