Како и што се очекуваше, голема борба, неизвесен меч и резултат кој најавува драма во второто полувреме од дуелот меѓу Македонија и Чешка. На нашите ракометари потребна им е победа за сигурно да обезбедат место во главната фаза, додека Чесите се борат да не испаднат од игра за едно од првите две места.
Од самиот почеток се виде дека ова ќе биде многу неизвесен меч. Во почетните 10 минути, ниту една од двете селекции немаше предност поголема од еден гол. Чешка водеше со 5:4, а тогаш со серија од 3:0, Македонија за прв пат поведе со два разлика (7:5) во 18 минута.
Во следните девет минути, затаи нападот на нашите па во 27 минута Чесите израмнија на 8:8, за потоа капитенот Кирил Лазаров и Филип Кузмановски погодија за ново наше водство од два разлика.