Голема борба во Талин, Македонија со минимално водство по првото полувреме

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија води со 39-38 на гости против Естонија во клучниот меч од квалификациите за Евробаскетот кој се игра годинава.

На нашите кошаркари им треба победа од 6 или повеќе поени разлика за да останат со шанси за пласман на ЕП. Во ниту еден момент од првото полувреме Македонија не водеше со ваква разлика, но според случувањата на теренот, ништо не е исклучено, шест разлика се прават за помалку од една минута.

Црвено-жолтите видоа дека може да победат, и покрај хендикепот во висина и јасната предност на Естонците во тој дел. Бековите Димитријевиќ и Шортс со по 13 поени се предводници на тимот на селекторот Алек Јончевски, а Маслинко даде 8 во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести