Организаторот на Отвореното првенство на Австралија најави дека најтрофејниот тенисер на ова натпреварување со 10 титули, Новак Ѓоковиќ, ќе добие статуа во „Мелбурн парк“, местото каде што се одржува првиот гранслем-турнир секоја година.
Србинот оваа година немаше шанса да се бори за нов трофеј, со оглед дека го предаде полуфиналето против Александер Зверев поради повреда, но затоа организаторот ќе му укаже голема чест.
🚨 Breaking : Novak Djokovic will be honoured with a Statue at the Melbourne Park (for his 10 AO titles & the Greatest Australian Open Champion).
Tennis Australia president Craig Tiles says “No brainer. He deserves it”. pic.twitter.com/lYgPQsxW1t
— SK (@Djoko_UTD) January 27, 2025