Голема чест за Дарио Ивановски, на еден од најпознатите маратони ќе тргне од првиот ред!

Најдобриот македонски атлетичар на средни и долги патеки, Дарио Ивановски, на маратонот во Севилја (еден од десетте најдобри во Европа), кој ќе се одржи за десет дена, ќе стартува од првиот ред заедно со врвната светска маратонска елита, што е голема чест.

Ова го потврди неговиот тренер Игор Јакимовски преку социјалните мрежи.

„Организацијата на Севиља маратон му додели на нашиот Дарио Ивановски елитен статус и ќе стартува од првиот ред заедно со врвната светска маратонска елита.
Овој маратон важи за еден од најдобрите во Европа и со право е рангиран во ТОП 10 маратони на стариот континент според релевантни критериуми за тој статус.
За мене и Дарио, нешто слично како и во Валенсија, елитниот статус е голема чест и привилегија да се биде дел од светскиот џет сет во маратонот, но и голема обврска да се настапи и да се заврши на тоа врвно ниво.
Со задоволство и голема самодоверба ги прифаќаме овие големи предизвици и одиме по нашето кое е зацртано како следна голема цел.
Впрочем тоа е рецептот на долгогодишниот успех на најголемиот атлетски херој на Македонија кој е подготвен 100% да го даде најдоброто од себе за својата татковина и народот.
Остануваат уште неколку ситни коцки да се подесат на мозаикот врвен резултат во маратон и одиме по нашето“, порача Јакимовски.

- Оглас -

Најнови вести