16.8 C
Skopje
вторник, 3 март 2026

Голема чест за струмичани, Аврам Грант ќе го гледа мечот Брера – Струга

По иницијатива и лична покана на Зоран Балдовалиев, денеска во Струмица е легендарниот израелски фудбалски стручњак Аврам Грант, поранешен селектор на Израел и поранешен тренер на Челзи со којшто во 2008 година беше во финалето на Лигата на шампионите.

„Оваа посета е уште една потврда за визијата, контактите и амбицијата што Зоки ги вложува во развојот на Брера Струмица. Да донесеш светско фудбалско име во нашиот град значи работа, почит и јасна цел – раст на клубот на сите нивоа. Денес Грант ќе го проследи и натпреварот против Струга – дополнителен мотив за фудбалерите да го дадат максимумот. Струмица денес дише фудбал.
А кога имаш луѓе со визија – границите не постојат“, се пофалија од Брера.

- Оглас -

Најнови вести