Лионел Меси и Томас Милер се ѕвезди кои уште блескаат на фудбалскиот терен, иако се работи за ветерани. Тие беа противници во финалето на првенството во САД, меч на кој Интер Мајами предводен од Меси, со 3:1 го победи Ванкувер во чии редови беше Милер.
Милер се повлече од репрезентативниот дрес на Германија, додека Меси уште е лидер на репрезентацијата на Аргентина. Со Меси како капитен, Аргентина беше најдобра во квалификациите за пласман на Светското првенство, но самиот Лионел рече дека уште нема одлучено дали ќе настапи на Мундијалот кој следното лето ќе биде во САД, Канада и Мексико.
„Ќе биде многу интересно кога Меси би играл на Светското првенство. Тоа би можело значително да го промени односот на силите на теренот. Сепак, не сум сигурен дали тоа би го направило аргентинскиот тим подобар или полош. Играв против Меси во финалето на МЛС, и тој беше апсолутно брилијантен секогаш кога ја примаше топката. Тој иницираше напаѓачки движења од вистинските позиции. Но, не сум сигурен дали неговиот сегашен стил на игра ќе се преведе на највисоко ниво на меѓународен фудбал. Во секој случај, Аргентина е високо на мојата листа на кандидати за трофејот“, рече Милер.

