Голема драма: Во три сантиметри поделени трите медали, Србинката извиси

Германката Малаика Михамбо е освојувачка на златниот медал во скок во далечина во Токио. Михамбо, која е актуелна светска првенка, сега го додаде и олимпиското злато. Германката до првото место стигна благодарение на скокот од точно 7 метри постигнат во последната серија.

Зад шампионката Михамбо се најде четирикратната светска шампионка Бритни Рајс од САД со скок од 6,97 метри, додека трета е Езе Бруме од Нигерија која исто така прескокна 6,97 метри, но ја освои бронзата поради послабиот втор скок во однос на Американката.

На четвртото место се пласира Ивана Шпановиќ од Србија која прескокна 6,91 метри и само за шест сантиметри не успеа да си обезбеди место на пиедесталот како што тоа го направи на ЛОИ во Рио де Жанеиро во 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести