Голема криза во Украина: Со позајмени пари ќе се подготвуваат за баражот за ЕП

Фудбалската репрезентација на Украина беше многу блиску до директен пласман на Европското првенството во Германија, со оглед на тоа дека во групата во која беше и Македонија, завршија со ист број на бодови, 14, со Италија, но со послаб меѓусебен дуел.

Тоа значеше дека украинците ќе мора да играат во баражот, и тоа на гостински терен против Босна и Херцеговина во полуфиналето. Во Украина во моментов има војна, па репрезентацијата ќе мора да се подготвува далеку од дома, а Фудбалскиот сојуз на оваа земја е во голема финансиска криза и нема пари за тоа. Одлуката е да се позајмат 700.000 евра за подготовки во шпанскиот туристички центар Марбеља, со обврска парите да бидат вратени во рок од два месеци.

Подготовките на репрезентацијата на Украина ќе започнат на 13-ти март, а дуелот против босанците е закажан за на 21-ви март. Победникот на овој натпревар ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Исланд и Израел.

- Оглас -

Најнови вести