Голема неодлучност: Комплетно различни прогнози за дербито помеѓу Баер и Баерн

Поминаа 24 часа од отворањето на типувањето за новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life. Ова време не им беше доволно на типувачите да се одлучат кој ја има фаворитската улога на големото германско дерби помеѓу Баер Леверкузен и Баерн Минхен.

Од типувачите 31,47% предност им даваат на домашните, 35,79% сметаат дека мечот ќе заврши нерешено, а 32,74% веруваат во победа на Баерн Минхен.

Она што може да се заклучи од типовите е тоа дека најголем фаворит за победа претстојниот викенд е екипата на Вест хем во мечот против Брентфорд. Во Чеканите веруваат дури 78,17% од играчите на Спортската прогноза.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести