Новото коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, започна вчера, а играчите веќе донесоа одлука за некои од натпреварите, но голема неодлучност владее за четири меча од Серија А, Ла Лига и Бундеслигата.
Според типувачите, неизвесно ќе биде на натпреварите Јувентус – Милан и Аталанта – Наполи во италијанската Серија А, дуели кои директно ќе го кројат врвот на табелата.
Слични се процентите и за мечот од Бундеслигата помеѓу Унион Берлин и Мајнц, но и за натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Сосиедад.
Типувањето е отворено до сабота во 14 часот, кога започнува првиот меч од Спортската прогноза за овој викенд.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.