Натпреварот помеѓу Вулверхемптон и Тотенхем, кој ќе се одигра утре во 13:30 часот, ќе биде историски за Премиер лигата бидејќи ќе биде спроведена една голема новост. Станува збор за мали камери кои ќе ги носат фудбалерите на себе во текот на загревањето, а сето тоа ќе оди во директен преност на телевизија.
Целта ќе биде гледачите пред малите екрани натпреварите да ги доживеат на еден сосема поинаков начин и колку е можно повеќе Премиер лигата да се доближи до навивачите. Екипите на Астон вила и Њукасл играа со ваква технологија на себе, но тоа беше на ревијален натпревар во САД, а сега ова првпат ќе се спроведе на официјален натпревар.