Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, откако успешно ги мина квалификациите, победи и во првото коло на Челинџер 125 турнирот кој се игра на тврда подлога што се игра во Братислава, Словачка, за награден фонд од 145.000 евра.
Калин денеска го совлада победникот на овој турнир од 2014 година, Германецот Петер Гојовчик со 7-6, 6-2. Искусниот 34-годишен Германец со полско потекло, во јуни 2018 година беше 39-ти на АТП листата, а моментно 392-ри.
Ивановски во второто коло ќе игра со победникот од утрешниот меч меѓу Томаш Махач (4 носител) од Чешка и Мартин Дам (САД).