25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Голема победа на младите македонски ракометари, може да бидат деветти на светот

Македонската ракометна репрезентација за играчи до 19 години извојува важна победа над Австрија од 29-22 бидејќи вака останува разигрување за 9-12 место, а пораз ќе значеше пласман од 13-то до 16-то место на Светското првенство кое се игра во Хрватска и на кое учествуваат 32 селекции.

Македонскиот тим беше одличен во првото полувреме кое го доби со 14-8, а во вториот дел рутински се одржуваше предноста и на Австријците не им беше дозволено посериозно да се доближат.

Денеска против Австрија најрасположени поединци беа Калајџиески и Белистојановски со по 6 гола, ги следеше Димевски со 5.

Поразите од скандинавските Данска и Норвешка ја отпишаа Македонија од место меѓу осумте најдобри, но ракометарите покажаа дека имаат квалитет и во најлош случај ќе бидат 12-ти на светот, што е добар резултат.

- Оглас -

Најнови вести