31.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Голема победа во Литванија, ракометарките се на чекор од пласман на Европско првенство!

Женската ракометна репрезентација на Македонија извојува голема победа на гостувањето кај Литванија од 31-28, и ова најверојатно значи дека нашите најдобри ракометарки ќе бидат учеснички на Европското првенство во ноември и декември 2024 година.

Во следните две кола од квалификациите, Македонија игра со фаворитот Шпанија, но и два порази не би биле трагедија, бидејќи и првиот и вториот одат на ЕП. Второто место ќе го осигураме на почетокот на април, кога треба да играме со Литванија дома и Азербејџан на гости.

Денеска во Вилнус, најефикасни во македонскиот тим беа Ристовска со 9, Седлоска со 8 и Саздовска со 6 голови, додека Мицевска имаше 8 одграни.

- Оглас -

Најнови вести