Европскиот клупски фудбал доби нов поредок, барем кога се работи за петте најсилни лиги во Европа. Со години наназад, во Топ 5 лигите во Европа имаше место за англиската Премиер лига, шпанската Примера, италијанската Серија А, германската Бундеслига и француската Лига 1.
Сепак, според последниот рејтинг, има промена во Топ 5. Француската Лига 1 веќе не е меѓу петте најсилни лиги во Европа, а нејзиното место го презема холандската Ередивизие. Ова е првпат во историјата првенството на Холандија да биде во Топ 5 на Стариот Континент.
Најдобриот пласман на холандското првенство досега беше осмото место, а сега напредуваше за дури три позиции, успевајќи да ги прескокне првенствата на Русија (клубовите не играат поради санкции), португалската Примера и француската Лига 1.