30.8 C
Skopje
четврток, 24 јули 2025

Голема радост во Торино: Јувентус го доби Дербито на Италија (Видео)

Јувентус славеше со 2:0 во големото Дерби на Италија против Интер и покажа дека оваа екипа на Старата дама има квалитет за висок дострел. Во првото полувреме домаќините беа „заспани“ и за првпат во последните 20 години не упатија ниту еден удар во рамките на голот на Интер, но затоа работите се сменија во второто полувреме.

Се играше 53-тата минута кога Филип Костиќ му асистираше на Рабиот, а овој го матираше голманот на Интер за голема радост на трибините во Торино.

Потоа гол даде и Данило,, а по прегледување на ВАР-системот, тој беше поништен и Интер остана со надеж дека може да остане непоразен. Сепак, таа надеж на гостите згасна во 85-тата минута, кога повторно Костиќ беше во улога на асистент, а Фањоли ја затресе мрежата на Онана и беше јасно дека Јувентус ќе ги освои трите бода.

По 13 кола во Серија А, Јувентус сега има 25 бодови и е на петтото место, додека Интер остана на 24 бодови и сега е на седмата позција.

- Оглас -

Најнови вести