6.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Голема размена во НБА-лигата: Стеф Кари го доби Порзингис на помош

Средата донесе вистинска бура во Голден Стејт вориорс, со низа потези што значително ги променија плановите на клубот за остатокот од сезоната. Вориорс ги разменија Џонатан Куминга и Бади Хилд во Атланта хокс за летонскиот центар Кристапс Порзингис.

Набргу потоа беше потврден и втор трансфер. Трејс Џексон-Дејвис беше испратен во Торонто репторс во замена за пик од втората рунда на драфтот во 2026 година, кој првично им припаѓаше на ЛА лејкерс.

Можеби најважната вест е дека заминувањето на Куминга значи дека Вориорс дефинитивно се „надвор од трката“ за Јанис Адетокумбо.

Голден стејт се откажале од Адетокумбо во средата попладне, откако Милвоки ја одбиле нивната понуда.

Во овој момент борбата за самиот врв на Западната конференција изгледа како далечен сон за Голден стејт. Тимот моментално се наоѓа на осмата позиција што води во плејин-турнирот, со четири победи заостанување зад ЛА лејкерс и директното место во плејофот. Дополнително, Џими Батлер е надвор од терените до крајот на сезоната, но Порзингис барем му дава на тимот уште една опасна напаѓачка опција покрај Стефон Кари.

Комбинацијата на Кари и Порзингис на хартија изгледа ветувачка. Летонскиот центар може да погодува од далечина, што создава проблеми за одбраните што се фокусираат на Кари, а исто така е ефикасен и во пик-ен-рол акции, отворајќи простор за себе и за соиграчите. Сепак, Порзингис прво мора да се врати на паркетот бидејќи нема настап од 7 јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести