Манчестер јунајтед по една од најслабите сезони во својата историја, летово имаше исклучително активен преоден рок. Клубот инвестира сериозни средства за да му овозможи на менаџерот Рубен Аморим целосно освежување на тимот.
Најголемо внимание привлекоа ангажманите во нападот. Матеус Куња пристигна од Вулверхемптон за 62,5 милиони фунти (72,5 милиони евра), а веднаш потоа следуваше трансферот на Брајан Мбеумо од Брентфорд вреден 65 милиони фунти (75,4 милиони евра), со можни дополнителни 6 милиони фунти во бонуси.
Последниот дел од офанзивниот мозаик е словенечкиот голгетер Бењамин Шешко, за кого Јунајтед плати 66,4 милиони фунти (77 милиони евра), плус до 7,3 милиони фунти (8,5 милиони евра) бонуси.
Покрај пристигнувањата, Јунајтед се раздели дури со 29-мина фудбалери, преку трансфери и позајмици. Меѓу нив се издвојуваат звучни имиња како Ентони, Алехандро Гарначо, Расмус Хојлунд, Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо.
Летни трансфери – пристигнувања
Матеус Куња – (Вулверхемптон, 62,5 милиони фунти / 72,5 милиони евра)
Ензо Кана-Бијик – (Ле Авр, слободен агент)
Диего Леон – (Черо Портено, 3,3 милиони фунти / 3,8 милиони евра)
Брајан Мбеумо – (Брентфорд, 71 милион фунти / 82,4 милиони евра)
Бењамин Шешко – (Лајпциг, 73,7 милиони фунти / 85,5 милиони евра)
Сене Леманс – (Ројал Антверпен, 18,2 милиони фунти / 21,1 милион евра)